Села: Tенденциите за шверцување на партијата тешко кршење на статутот!

РЕАГИРА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА АА

Како претседател на Централното Собрание на Алијансата за Албанците, до овој момент не сум информиран за каква било понуда за коалицирање со друга политичка партија, пишува на Фејсбук, претседателот на Собранието на АА, Зиадин Села. Од средбите што неодамна ги одржав со претседателите на ограноците и другите партиски структури, Села пишува дека е информиран дека никој од нив не знае за писмена понуда врз основа на тоа што треба да се одлучи. Поединецот, во случајов претседателот на партијата, не е орган за одлучување, пишува Села, додавајќи дека има право да предлага до органот што има право да одлучува, а тоа е Претседателството на партијата, која во моментов има одлука и тоа е дека Алијансата за Албанците се натпреварува сама на изборите. Друго тело за одлучување е Партиското Собрание. Тенденциите за шверцување на партијата за сметка на не знам кој преку Фејсбук статус е сериозно прекршување на Статутот на партијата за што претседателот на партијата мора да одговара пред партиските органи, пишува Зиадин Села. Обидите да се разјасни ставот искажан преку социјалните мрежи од страна на претседателот на партијата како лична одлука е кукавички чин кој сериозно ги нарушува идеолошките црти на Алијансата за Албанците, заклучува написот на Фејсбук на претседателот на Собранието на АА, Зиадин Села.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share