Сезонската авионска линија Скопје – Крф е откажана од комерцијални причини

Планираната директна сезонска линија од Скопје за островот Крф нема да биде воведена од комерцијални причини, дознава дописничката на МИА од Атина од извори од грчката авиокомпанија „Ејџијан Ерлајнс“.Иако конкретното авионско поврзување меѓу Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Крф, ТАВ Македонија го соопшти на почетокот на април и најавија дека летот ќе биде воведен на 1 јуни годинава, сепак директната линија е откажана и нема да се воведе.

Според истите извори, линијата меѓу Скопје и Атина продолжува регуларно да функционира, како и досега и не постојат промени во поврзувањето на двата главни градови.

Поврзани објави
Total
0
Share