Сега е моментот кога се отворени вратите за влез во ЕУ, вели Ковачевски

Реформскиот процес е она од што зависи самиот процес на пристапување и дека за нас како земја кандидат за членство остануваат оние обврски коишто ги имаме, а ЕУ исто така да ги исполни своите обврски. Затоа и повиците за носење на одлуки во Собранието, односно за давање глас за европските интеграции стануваат сè поактуелни во светло на она што денес го слушнавме во Блед, вели Ковачевски

Денес навистина беше ден кога практично се потврди она што и јас како премиер, меѓутоа и другите членови на Владата го зборуваат дека сега е моментот кога се отворени вратите за влез во ЕУ. Ова го изјави за МИА премиерот Димитар Ковачевски по учеството на Бледскиот стратешки форум на кој претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел рече дека 2030 би можела да биде година на проширување на ЕУ.

„Недвосмислени беа пораките и од претседателот на Европскиот совет, господинот Шарл Мишел, меѓутоа и од премиерот на Хрватска, претседателот на Словенија во однос на потребата од проширување на ЕУ. Па дури и 2030 година беше определена како година во која што треба да се направат сите напори за да се случи следното проширување“,

Во однос на самиот процес, Ковачевски вели дека, е јасно кажано оти критериумите за пристапување се тие кои што практично и се наведени во нашата преговарачка рамка.

„Реформскиот процес е она од што зависи самиот процес на пристапување и дека за нас како земја кандидат за членство остануваат оние обврски кои што ги имаме, а ЕУ исто така да ги исполни своите обврски“,

Затоа, нагласи тој, и повиците за носење на одлуките во Собранието, односно за давање глас за европските интеграции стануваат се поактуелни во светло на она што денеска го слушнавме во Блед.

„Овде се потврди уште една значајна работа, а тоа е дека Северна Македонија има големи пријатели во ЕУ, Северна Македонија има пријател во САД, и ако ги погледнете пораките и на високиот претставник на САД кој само пред два дена беше во Скопје и овие пораки кои што денеска ги слушнавме и вчера од претседателот на ЕС, се работи за истите пораки кои што практично претставуваат повик за земјите канидати да го направат она што се однесува на нив во делот на пристапувањето кон ЕУ“,

Ковачевски додава дека претседателот на Европскиот совет ја поздравил одлуката уставните измени да се најдат на пленарна седница во Собранието, меѓутоа исто така, како што вели, Мишел оценил и дека лидерството што го прави Владата е она што и е потребно на Северна Македонија.

„Останува на пратениците во текот на овој процес за којшто има време да се убедат во исправноста на носењето на оваа одлука, да се убедат во исправноста на давањето на гласот за Европа затоа што ние практично после тоа ги отвораме преговорите односно кластерите“,

Маричиќ: Со нашите европски партнери имаме иста цел – членство во ЕУ до 2030 година

Скрининг извештаите за првиот кластер, како што посочува, веќе се готови и во моментот „се карбонизираат меѓу вицепремиерот за европски прашања и неговиот тим со Европската комисија“, а следуваат и извештаите за другите кластери.

„Откако тој процес ќе заврши, следно е отворањето на кластерите, поглавјата и преговори по однос на истите. Тоа е еден процес во кој што практично ние ќе станеме подобри, процес во кој ќе направиме понатамошно реформирање на нашето закодавство, усогласување со ЕУ, меѓутоа уште поважно реформирање на инстутициите, начинот на имплементација на законите и нивното спроведување и секако тоа ќе значи и поголем економски поттик, ќе значи пристап до повеќе европски фондови и ќе значи зголемување на европскиот потенцијал на државата“,

Премиерот Ковачевски, кој зборуваше на лидерскиот панел заедно со премиерите од другите земји од Западен Балкан, на Блед во изминатите два дена имаше неколку билатерални средби меѓу кои и со Шарл Мишел, но и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и со специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стујард Пич.

Ковачевски од Блед: Северна Македонија носи тешки и храбри одлуки, членство во ЕУ во 2030 е остварлива цел

Бледскиот стратешки форум годинава се одржува на тема „Солидарност за глобална безбедност“, а едно од барањата е да се помогне на настраданите подрачја од невремето и поплавите во Словенија во која и денеска има обилни дождови.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share