Северна Македонија избира претседател

Граѓаните на Северна Македонија бираат шеф на државата кој ќе ги води во следните пет години. Во изборната трка има седум кандидати, а за победа во првиот круг е потребно кандидатот да освои гласови на повеќе од половината од вкупниот број регистрирани гласачи. Ако тоа не се случи, ќе има втор круг, на 8 мај, заедно со парламентарните избори.На гласачките места во Северна Македонија кои се отворија утрово на 24 април во 7 часот, граѓаните ќе можат да го дадат својот глас за еден од седумтемина кандидати за Претседател на државата, што е најголем број на кандидати во историјата на претседателските избори.Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани.Ќе можат да гласаат и граѓаните кои не успеаја да ги сменат личните документи со името Северна Македонија, согласно Преспанскиот договор.Вчера своето право на глас го остварија болните и изнемоштени лица, затворениците, лицата во старските домови.Претседателските избори беа распишани на 14 февруари. Во согласност со податоците од ДИК, 7 од вкупно 15 кандидати ги собраа неопходните 10 000 потписи за учество на претседателските избори.Според македонскиот изборен систем, претседателот на Републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање за мандат од 5 години, со право на најмногу два мандати.Овие избори ќе ги следат повеќе странски од домашни набљудувачи.За акредитации се пријавиле 859 набљудувачи од кои 342 домашни, а 517 странски.Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на 21 март ја отвори Набљудувачката мисија во Северна Македонија и за претседателските и за парламентарните избори. Ќе бидат ангажирани 330 набљудувачи.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share