Сдсм: Mицкоски сака да го крши уставниот поредок и да дели правда!

МИЦКОСКИ ДА СЕ ИЗВИНИ ЗА КРИМИНАЛОТ НА ВМРО-ДПМНЕ

Случајот „Феникс“ уште еднаш го потврди криминалот на ВМРО-ДПМНЕ преку проектот „Скопје 2014“, но го потврди и вистинското лице на Мицкоски, како што пренесува КланМ, велат од СДСМ, обвинувајќи го второнаведениот за заштита на криминалот на неговата партија и се поставува над законите и Уставот.

ДАРКО КАЕВСКИ, ПРАТЕНИК НА СДСМ

“Мицкоски со своите изјави е против уставниот поредок на државата, против демократското општество, што значи независност на судството што е дефинирано со Устав и Закон. Кој е Мицкоски да дели правда, и да каже кој треба да одговара, а кој не? Ова покажува дека Мицкоски е како Никола Груевски, сака да биде судија и обвинител.“

Социјалдемократите, како што пренесува КланМ, велат дека прво што требало Мицкоски да направи е да се извини и јавно да се огради од криминалот во редовите на неговата партија, како што велат, пред се за „Скопје 2014“ и 27 април и другите случаи./KlanMacedonia

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share