СДСМ: Поголеми плати и пензии, помали камати и крај на должничко ропство

СДСМ продолжува со вистинска грижа за македонските граѓани и за нивниот стандард.

Економските мерки и политики на СДСМ резултираа со зголемување на минималната плата на 20.175 денари, од 8.800 денари во 2017 година.

Предизборното ветување за просечна плата над 34.000 денари е исполнето предвреме.

СДСМ обезбеди рекордно зголемување на пензиите, кое со покачувањето кое следува во септември ќе изнесува 25% за сите 330.000 пензионери.

За прв пат по 15 години, заедно со претставниците на синдикатите е утврдено одржливо и долготрајно решение за платите во јавниот сектор, со кое 130.000 граѓани ќе добиваат повисоки плати и тоа повеќе нема да зависи од нечија политичка волја.

Со измените на Законот за облигациони односи и на Законот за извршување се става крај на должничкото ропство во кое беа заглавени илјадници сограѓани.

Каматата повеќе нема да смее да го надминува износот на главниот долг, нема повеќе ситуации каде за долг од 1.000 се враќа и до 10.000 денари.

Се регулираат и таканаречените брзи кредити, каде трошоците не можат да бидат повисоки од 60 отсто од износот на кредитот.

СДСМ го слуша гласот на граѓаните, со конкретни мерки и решенија се унапредува квалитетот на животот на секој поединец.

Центар за комуникации на СДСМ

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share