СДСМ: Одговорност за случајот Онкологија ќе има за сите инволвирани

За сите инволвирани во случајот на клиниката за онкологија, во целиот период наназад ќе има одговорност, никој нема да биде заштитен и никој нема да биде поштеден, независно од политичката или етничка припадност, велат од СДСМ преку соопштение.

„Институциите работат со цел расчистување на овој грозен случај и одговорност за сите вмешани.

МВР и обвинителството преземаат истражни дејствија, коишто се спроведуваат на најпрофесионален начин за да ги идентификуваат лицата што се огрешиле пред законот и пред етичките и моралните принципи.

После 20 години, гласини, за прв пат МВР и Обвинителството влегоа на онкологија и направија акција за прибирање на обемен доказен материјал во врска со јавно изнесени обвиненија и сомнежи од страна на граѓани, медиуми, пациенти.

Потребна е професионална и брза истрага за целосно расчистување на случајот и откривање на сите одговорни, во целиот временски период, години наназад.

Политизација и злоупотреба на случајот за ситни дневни политички поени е недозволива“, велат од СДСМ.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share