СДСМ: Не само за Иловица, 86 концесии ВМРО-ДПМНЕ има потпишано за рудници

Во време на зенитот на режимот, ДПМНЕ и Никола Груевски дадоа концесии за рудникот Иловица, но и други 85 концесии за рудници низ целата држава, соопшти денеска СДСМ.

Владеачка партија тврди дека одлуката, пак, за рудникот Иловица, беше донесена на 16 јуни 2012 година, потпишана од соработникот на Мицкоски, Зоран Ставревски и објавена во Службен весник истиот месец 2012 година.

-Истата година, општините Општина Босилово и Општина Ново Село во тоа време раководени од градоначалници од ДПМНЕ, носат одлуки за отворање на рудник. Ветувањето за рудници и концесиите беа и едно од главните ветувања на ДПМНЕ и Груевски на парламентарните избори во 2016 година. Во тој период Мицкоски беше советник за енергетика на криминалецот во бегство, Никола Груевски. Затоа, денес кога Мицкоски зборува нешто различно, прво лаже, а второ тоа е врв на лицемерие, се наведува во соопштението.

Се додава дека заради лошите и популистички одлуки на ДПМНЕ државата е сега ставена во судски лавиринти со години.

-СДСМ од прв ден бил против тие рудници и кога ДПМНЕ и Груевски дадоа 86 концесии за рудници СДСМ беше силно против, потенцираат од оваа партија.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share