СДСМ: Мицкоски останува анти ЕУ политичар, кој работи за туѓи интереси

Во време кога пред државата е отворена историска шанса за продолжување на европскиот пат, Мицкоски прави сé да ја оддалечи земјата од ЕУ.

Мицкоски останува деструктивен политичар, кој го блокира остварувањето на уште една стратешка цел на државата, членство во ЕУ.

Со тоа Мицкоски работи и против македонскиот јазик во ЕУ, против интересите на граѓаните за подобар животен стандард, повисок економски раст, повисоки плати и пристап до европските фондови.

Мицкоски, поразително и за неговата партија, одработува за туѓи интереси и против ЕУ.

Секој што сака да ја држи земјава надвор од ЕУ, изолирана, работи директно на штета на врвните национални и државни интереси.

Македонија, по 17 години чекање ги започна преговорите со ЕУ и сега потребно е забрзување на процесот со крајна цел полноправно членство во ЕУ до 2030 година.

Центар за комуникации на СДСМ

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share