СДСМ: Мицкоски да ги поддржи уставните измени и со тоа да покаже дека навистина е за европската агенда

„Сите услови што Христијан Мицкоски ги постави за ДПМНЕ да поддржи уставни измени, се исполнети. Министрите од редовите на ДУИ поднесоа оставки кои ќе се ефектуираат откако ќе бидат усвоени уставните измени и со тоа се исполнува условот на Мицкоски, за учество во Влада без ДУИ.“- стои во соопштението на СДСМ.

-Уставните измени се јавно достапни за сите и за нивната содржина никој не е против, вклучително и Мицкоски и ДПМНЕ. Со измените на Уставот се забрзува процесот на интеграција во ЕУ, но истовремено се задржува примарната уставотворност на македонскиот народ и се става крај на тезата „еден народ две држави“ кои со децении ја промовираат одредени туѓи центри.
Мицкоски има шанса макар еднаш да се престрои на страна на државните и национални интереси. Ако навистина се грижат за интересите на државата и за европската агенда, тогаш Мицкоски и ДПМНЕ ќе дадат поддршка за измените на Уставот.- додаваат од партијата.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share