Денес во седоштето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски потпиша меморандум за соработка со претседателот на Движењето за Нова Република, Ивон Величковски, со кој се проширува соработката со сите општествени и политички чинители, а во насока на продолжувањето на активностите кои означуваат обезбедување европска иднина за граѓаните.Со меморандумот за соработка се потврдува соработката со Движењето за Нова Република со цел полноправно членство на Северна Македонија во Европската Унија и придонес кон националната и колективната безбедност и одбрана на Северна Македонија и кон нејзините сојузници во НАТО.Воедно, потписниците со потпишаниот меморандум ја потврдуваат соработката со цел зајакнување на владеењето на правото во Северна Македонија по изборите, а ќе се залагаат за креирање и спроведување одржливи јавни политики со кои ќе се обезбеди просперитет за граѓаните и државата.
Поврзани објави
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24
Мицкоски од Тетово: Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит
Задоволството е големо што имам можност да присуствувам на стартот на една нова и надоградена приказна изразена во…
19.06.24 15:04
Пожар над село Марвинци во Валандовско – се заканува да се прошири накај селото
РЦУК Струмица известува дека има пожар над село Марвинци Општина Валандово, близу археолошки локалитет Исар. Гори сува трева…
19.06.24 14:57