СДСМ денес на Конгрес ќе ги анализира изборните резултати

На отчетен конгрес денеска со почеток во 11:00 часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје СДСМ ќе ги анализира изборните резултати.

Како што информираат од партијата, нов лидер ќе се избира на крајот на месецов.

По изборниот пораз, претседателот на партијата Димитар Ковачевски на седницата на партискиот Извршен одбор на 22 мај официјално го потврди повлекувањето од функцијата и побара свикување конгрес и организирање внатрепартиски избори.

Поврзани објави
Total
0
Share