СДСМ ги презентираше планот и програмата за изборите

На денешниот 28 Конгрес на СДСМ ги презентираше основните постулати на нивната изборна програма:

-ЕВРОПСКИ ПЛАТИ И ЖИВОТЕН СТАНДАРД!Во наредните четири години просечната плата ќе достигне 1.100 евра, а минималната плата 600 евра.

-ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ! Во 2028 год. минималната пензија ќе биде 20.000 ден., а просечната 30.000 ден. Од оваа година ќе има новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер.

-ПОДДРШКА ЗА МЛАДИТЕ! По 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години.

– СИЛНА ДОМАШНА ЕКОНОМИЈА! 180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производство. 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции.

– МОДЕРНА ЕВРОПСКА ИНФРАСТРУКТУРА! Ќе инвестираме 2,7 милијарди евра во инфраструктурни проекти. Тоа се 194 км изградени автопатишта до 2028 година и реконструирани 950 км патишта.

-ЕВРОПСКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО! Субвенции и поддршка за земјоделците од 750 милиони евра! До 2028 год. проектираме Македонија повеќе да извезува отколку што увезува храна. Извозот на земјоделски производи ќе биде 1,25 милијарди евра!

-ЕВРОПСКО ОБРАЗОВАНИЕ!Гарантираме безбедност и сигурност за учениците. Бесплатен топол оброк за учениците во основните и средните училишта. Бесплатен јавен превоз за сите ученици и студенти. Децата се нашата иднина!

– ЧИСТА ЕНЕРГИЈА И ПОЕВТИНА СТРУЈА!Зголемување на домашното производство на енергија за најмалку 70% до 2028 во однос на 2019 год. Енергетска независност со која ќе ги задоволуваме 100% од сопствените потреби. Проширувањето на домашните енергетски капацитети ќе влијае на намалување на цените на струјата.

– ПОВЕЌЕ ЕУ ФОНДОВИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА!Со отворање на поглавјата ќе обезбедиме дополнителни фондови за посилна македонска економија. Повеќе домашни и европски фондови за градење инфраструктура, реновирање јавни објекти, модернизирање на училишта. Повеќе фондови за обука и пракса за подготовка на младите за добро платени работни места по стандарди на ЕУ.

-ЗАЕДНО ВО ЕВРОПА!Завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство до 2030 година. Нема откажување од иднината!

Поврзани објави
Total
0
Share