СДСМ: ВМРО ДПМНЕ нема собрано валидни, законски потписи за нивната кандидатка за претседател Гордана Силјановска Давкова.

 Кандидатурата во ДИК за Силјановска ДПМНЕ ги поднела со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани. Очигледно, ДПМНЕ како што ги лажира анкетите, сакала да ги лажира и потписите, па кога разбрале дека ќе се проверува легалноста на секој даден потпис не ги поднеле, вели Богданка Кузевска, портпаролка на СДСМ

,,Ова е можеби за прв пат ДПМНЕ да нема собрано потписи зад својот кандидат, но тоа и не е толку важно. Клучното е дека ниту ДПМНЕ ниту Гордана Силјановска ја немаат поддршката од граѓаните. Граѓаните не сакаат враќање назад и изолација, не се спремни да поддржат антиевропски политичари. На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба реприза на Иванов. На граѓаните не им треба уште една катастрофа по примерот на Скопје“, вели Кузеска.

Според неа, ниту ДПМНЕ ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро.

„Затоа граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски“, завршува Кузеска.

Поврзани објави

Силјановска од Гостивар:Никогаш нема да одам на преговори, никогаш нема да разговарам за Македонија, никогаш нема да разговарам за Уставот, пред претходно да се договорам со Владата и со Собранието за тоа!

Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова на граѓаните од Гостивар им порача дека покрај консултациите со Владата, мора…
Повеќе
Total
0
Share