СДСМ бара Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки

Од СДСМ бараат пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки во македонското Собрание.

„Последната одлуката на нашиот стратешки партнер, САД е уште една потврда зошто итно е потребно да се донесе овој закон и да се создаде можност сите вакви случаи наведени од нашите стратешки партнери да може да се процесираат преку домашното законодавство. Милошоски кој раководи со собраниската Комисија за надворешна политика, веднаш да го стави на дневен ред Законот за рестриктивните мерки, Мицкоски и ДПМНЕ да го поддржат и законот да биде усвоен“, велат од СДСМ.

Поврзани објави
Total
0
Share