СДСМ:На претстојните избори изборот пред граѓаните ќе биде помеѓу борба за европска иднина со СДСМ и откажување со ДПМНЕ.

Граѓаните одлучуваат дали Македонија ќе стане членка на ЕУ и ќе ги зголеми придобивките од членството во НАТО, или ќе заглави до недоглед во нова и тешка неизвесност што ќе донесе изолација, поделби и загрозување на иднината, на напредокот на земјата, порачуваат  од СДСМ.

– Народот не сака да стои во место, не сака повторно да биде заглавен и понижен. Повторно заглавување, со наведната глава, никој не сака. Никој не сака да чека нови 11 години во нови чекални. Граѓаните не забораваат како изгледаше кога Груевски нѐ заглави и не донесе до дното. Мицковски, само ќе продолжи таму каде што застана неговиот ментор Груевски – се вели во соопштението од партијата.

Поврзани објави
Total
0
Share