СДСМ:Имавме фер и демократски избори, граѓаните покажаа зрелост

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска истакна оценката на партијата е дека изборите беа фер и демократски.

 ,,Имавме мирен достоинствен изборен ден и изборите беа фер и демократски, како што доликува на земја членка на НАТО. Граѓаните слободно ја искажаа својата волја и правото на глас. Нотирани се одредени неправилности но сметаме дека се незначителни.Благодарност до сите граѓани кои излегоа на изборите и гласаа. Особена благодарност до граѓаните кои го дадоа својот глас за СДСМ и коалицијата „За Европска иднина“ и за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Граѓаните ќе одлучат по кој колосек ќе се движи Македонија пшонатаму. Во очекување сме на изборните резултати и дополнителмо ќе излеземе со податоци – рече портпаролката.

Во однос на тивкиот бојкот на албанскиот електорат, Кузеска рече дека секоја партија треба да одговори пред себе и пред граѓаните.

– СДСМ повикуваше на масовна излезност, повикуваше граѓаните да го искорисат правото на гласа, СДСМ не бил никогаш кочничар на демократските процеси – додаде Кузеска.

Поврзани објави

Цврста поддршка на Украина по неоправданата руска агресија- телефонски разговор на Силјановска со Зеленски

Од кабинетот на Претседателката Гордана Сиљановска Давковa соопштија дека таа денеска остварила телефонски разговор со претседателот на Украина,…
Повеќе

Силјановска Давкова: Нека подвигот на светите браќа бидe наш патоказ и морална и духовна вертикала за достоинствено

Претседателката Гордана Силјановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод големиот празник, 24 Мај, Денот на сесловенските просветители…
Повеќе
Total
0
Share