СБ: Жителите на Косово се најдолговечни на Западен Балкан, просечниот животен век на македонците 74 години

Жителите на Косово се најдолговечни на Западен Балкан, со просек од 80 години, се посочува во извештајот на Светска банка за очекуваниот животен век на светското население, пренесува Бета.

Населението во Косово е четири до пет години подолговечно од жителите на другите земји од Западен Балкан.Очекуваниот животен век во Албанија е 77 години, во Црна Гора 76, во Босна и Херцеговина и во Србија 75, а во Македонија 74 години.

Поврзани објави
Total
0
Share