Сарацин: Членството во ЕУ е извесно, да не се губи време

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ оствари средба со Мануел Сарацин, специјален претставник на Германија за Западен Балкан, на која беше разговарано за пристапните преговори, уставните измени, реформите и извесноста на европската перспектива за регионот.

-Докажаниот пријател на Македонија и наш поддржувач за напредокот кон ЕУ, Мануел Сарацин на состанокот јасно укажа дека членството во ЕУ е извесно и дека не треба да се губи време и оваа шанса. Во таа насока Сарацин додаде дека активна е дебата во Европската Унија за идното проширување, која треба во следните месеци да даде конкретен план и временска рамка, и порача дека треба брзо да движиме кога станува збор за следниот чекор во процесот на преговорите и фаќање на брзата лента, со земјите кандидатки кои веќе преговараат, стои во соопштението од кабинетот на Маричиќ.

Тој пак му порачал на Сарацин рече Владата е „целосно посветена на задржување на Македонија на европскиот пат, посочувајќи дека како држава имаме направено многу кога е во прашање патот кон ЕУ, но и дека клучниот период допрва доаѓа“.

– Како Влада фокусот го држиме на успешно завршување на обврските и ново приближување кон ЕУ, со цел да направиме уште повеќе во делот на реформи и со поголема брзина да влеземе во клучните години за европеизацијата на македонското општество, рекол Маричиќ на средбата.

На средбата уште еднаш било потврдено декаГерманија останува посветена на европската перспектива на регионот и дека нејзината заложба е да останеме активни во пристапниот процес и без понатамошни компликации и одолговлекувања, ефикасно да ги завршиме преговорите со ЕУ.

Поврзани објави
Total
0
Share