Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изјави дека признавањето на палестинската држава е „во геополитички интерес на Европа“.„Меѓународната заедница нема да може да и помогне на палестинската држава доколку таа не го признае нејзиното постоење“, рече Санчез пред шпанските парламентарци.Тој додаде дека „Шпанија е подготвена да признае палестинска држава“, без да прецизира датуми.Санчез повторно го осуди, како што рече, „апсолутно непропорционалниот одговор“ на владата на Бенјамин Нетанјаху на „терористичкиот напад од Хамас“ на 7 октомври минатата година.Тој предупреди дека таквиот одговор се заканува да го „дестабилизира Блискиот Исток, а со тоа и целиот свет“.
Поврзани објави
Како Брисел реагира на непослушниот Орбан
Унгарија повторно го тресе Брисел… Беше јасно од самиот почеток на шестмесечното претседавање на Унгарија со Советот на…
17.07.24 08:30
Најмалку 52 жртви на топлотниот бран во Њу Делхи
ајмалку 52 лица ги загубија животите во Њу Делхи во интензивниот топлотен бран, јавија денеска локалните медиуми. Според…
20.06.24 07:01
По Северна Кореја, Путин во посета на Виетнам
По посетата на Северна Кореја, рускиот претседател Владимир Путин синоќа пристигна во посета на Ханој, главниот град на…
20.06.24 06:59