Санкционирани 154 возачи во Скопје, 68 за брзо возење

Како што информира Министерството за внатрешни работи, за возење повеќе од дозволената брзина казнети се 68 возачи, 15 мерки се изречени за возење без возачка дозвола, 13 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас…

МВР укажува дека ќе продолжат сообраќајните контроли и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Поврзани објави
Total
0
Share