САЕ „Тигар“ приведе бегалец од КПУ „Идризово“, осуден за убиство на 12 години затвор

Денеска (31.08) околу 08.10 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го приведоа С.А. (34) од Арачиново, кој избегал од затворот КПУ „Идризово“, а е осуден на затворска казна од 12 години поради извршено кривично дело убиство.

На автопатот „Пријателство“, по претходно добиени оперативни сознанија, сопрено е возило „форд“, управувано од Б.Р. (47) од Арачиново, кој е исто така осудено лице што издржува казна затвор во КПУ Идризово, но бил ангажиран да работи надвор од затворот. Во возилото како сопатник бил С.А., кој е приведен и ќе биде предаден на КПУ „Идризово“. Известен е јавен обвинител и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал заради утврдување на други лица инволвирани во бегството на С.А. од затворот. /КланМакедонија

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share