САД го зголемуваат притисокот врз Израел

Американскиот претседател Џо Бајден во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оценил дека офанзива во Рафах би била „грешка“, се вели од Белата куќа.

Тој побарал од израелскиот премиер во следните неколку дена да испрати во Вашингтон тим од претставници на војската, разузнавачките служби и специјалисти за хуманитарна помош, изјави советникот на Бајден за национална безбедност Џејк Саливен. Како што се вели, постојат и други начини за борба против исламистичкиот Хамас. Според Саливен, Нетанјаху во телефонскиот разговор со Бајден се согласил да испрати делегација – тоа е нивен прв разговор после четири недели.

Во исто време, Саливен го потврди успехот на Израел да го елиминира Марван Иса, човекот кој во хиерархијата на Хамас  во Газа бил број три.

Поврзани објави
Total
0
Share