САД,ЕУ и НАТО со осуда за терористичкиот напад во Москва

Во реакцијата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен објавена на социјалната мрежа Икс се вели дека Соединетите Американски Држави остро го осудуваат терористичкиот напад во Москва и се солидаризираат со рускиот народ во тагувањетоЕвропската Унија (ЕУ), Соединетите Американски Држави (САД), НАТО, како и лидери на повеќе европски земји го осудија вчерашниот терористичкиот напад во концерната сала „Крокус сити хол“ во северозападна Москва, а во кој, според последните информации, загинаа 143 лица.Меѓународната заедница мора да остане цврсто обединета против злото на тероризмот – порача во објава на социјалната мрежа Икс високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика, Жозеп Борел.

Поврзани објави
Total
0
Share