Руските сили влегоа во воена база со американски војници во Нигер

Рускиот воен персонал влегол во воздухопловна база во Нигер каде се стационирани американски војници, изјави висок американски воен функционер за Ројтерс.Ваквиот потег следува по одлуката на нигериската хунта да ги протера американските сили од земјата.Воените офицери кои владеат со оваа западноафриканска држава им наредија на САД да ги повлечат своите речиси 1.000 војници од Нигер, кои до минатогодишниот пуч беа клучен партнер во борбата на Вашингтон против бунтовниците кои убија илјадници луѓе и раселија милиони лица.

Поврзани објави
Total
0
Share