Русија: „Марс“ ги повлекува гумите за џвакање Orbit

Гумите за џвакање од брендот Orbit ќе бидат повлечени од пазарот во Русија поради недоволната побарувачка од домашните потрошувачи, соопшти  производителот „Марс“. 

Компанијата нема да бара други начини да го произведува Orbit во Русија како што направи минатата година, кога поради санкциите во земјата не можеше да увезе гумена база за производство на гумите за џвакање. 

„Марс“ се обиде да ја увезе оваа состојка преку Турција и Кина, но резултатот, според компанијата, беше „долг, скап и ништо не ветува“. 
Преостанатите залихи на Orbit ќе бидат достапни за продажба, но нема да се нарачуваат нови залихи за рускиот пазар. 

Да потсетиме, минатата пролет „Марс“ исто така се откажа од нови вложувања во Русија и со тоа беа стопирани и сите рекламни активности на компанијата. Меѓу брендовите од овој производител, застапени во Русија се Mars, Snickers, Milky Way, Bounty, Tvix, Skittles, M&M’s.

Извор: INB2B Media
Фото: Orbit

Поврзани објави
Total
0
Share