РУСИЈА ГИ НАПАДНА КИЕВ И ЛАВОВ СО РАКЕТИ И ДРОНОВИ, ЕДЕН ПРОЕКТИЛ ПРЕЛЕТАЛ НАД ПОЛСКА

Русија денеска лансираше 57 проектили и дронови кон Украина, при што мета беа и Киев и Лавов, додека полската војска објави дека една крстосувачка ракета на кратко го нарушила воздушниот простор на Полска. Украинските воздушни сили кажаа дека уништиле 18 од 29 испукани проектили и 25 дронови.

Неколку експлозии утрово се слушнаа во Киев, откако противвоздушната одбрана соборила десетина проектили над главниот град и во неговата околина, изјави шефот на воената управа на Киев, Серхиј Попко. Тој додека дека е причинета минимална штета.

Еден од руските проектили лансирани кон западниот регион Лавов на кратко навлегол во воздушниот простор на Полска, поради што полските сили биле ставени во состојба на зголемена готовност.

„Објектот влезе во полскиот воздушен простор близу градот Осердов и остана таму 39 секунди. За време на целиот лет беше набљудуван од воените радарски системи“, објави полската војска на Икс.

Таа претходно кажа дека полски и сојузнички авиони биле активирани за време на нападот за да се осигура безбедноста на полскиот воздушен простор.

„Немаше напади на градот Лавов, но 20-ина проектили и седум дронови беа лансирани кон поширокиот регион“, изјави градоначалникот Андриј Садовји.

Поврзани објави
Total
0
Share