Румен Радев одбил да се сретне со Сиљановска во Рим, ја поканил на средба во Софија

Бугарскиот претседател Румен Радев одбил да се сретне со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова во Рим, каде и двајцата се во посета по повод 24 мај, но ја поканил да ја посети Бугарија.

Република Северна Македонија мора да покаже дека навистина сака да биде дел од бединета Европа со исполнување на сите барања за членство, како што тоа го направи секоја земја од Европската унија“, рече Радев пред новинарите во Рим.„Мојата порака до претседателката на Северна Македонија е дека Бугарија очекува промена во реториката и конечно крај на јазикот на омразата“, додаде тој.

Румен Радев ја предводи бугарската делегација во Ватикан во пресрет на празникот Свети браќа Кирил и Методиј – 24 мај. Тој беше примен на аудиенција кај папата Франциско, а во исто време во Ватикан престојува и македонска делегација, предводена од Гордана Сиљановска-Давкова.

Поврзани објави
Total
0
Share