Рома победи 7:0, Мурињо незадоволен од настапот на неговите избраници

Добар настап, но не за 7:0. Сакавме да победиме, да победиме со комфорен резултат. Имаше подеми и падови, вклучително и во однос на кондицијата, па сите не беа подготвени да играат 90 минути со висок интензитет. Жал ми е за Емполи, но таков е фудбалот. Понекогаш тоа се случува. Мене некои работи во играта на мојот тим не ми се допаднаа. Заедно со моите помошници ќе анализираме сè подетално подоцна, изјави Мурињо за „Football Italia“.

Португалецот додаде дека Рома не е истиот тимот каков што се покажа во последните недели.

-Мислам дека не бев толку страшен тренер како што рекоа минатата недела. И сега веднаш не станавме извонреден тим. Ние сме тим кој има потенцијал и нашата цел е да одиме натпревар по натпревар и да победуваме. Не ми беше важно дали Лукаку ќе даде гол. Можеби ова е важно за него, знам дека напаѓачите живеат за голови. По трансферот тој целосно се посвети на тимот, па не е важно дали ќе постигне гол или не. Секако, по голот се чувствува посреќен, тоа е идеална ситуација за него, додаде Мурињо.

По овој натпревар, Рома се искачи на 12. место во поредокот на италијанското првенство, освојувајќи 4 бода. Ова е прва победа за тимот на Жозе Мурињо во сезоната. Емполи е на последното место (0 бодови). /МИА

Поврзани објави
Total
0
Share