Репортери без граници повторно го тужи Израел пред ИЦЦ

Репортери без граници денеска поднесе нова тужба пред Меѓународниот кривичен суд поради „воените злосторства извршени од страна на Израел против новинарите“.

Тие бараат да се поведе истрага за злосторствата извршени на најмалку девет палестински новинари во периодот од 15 декември 2023 година и 20 мај 2024 година“.

Репортери без граници тврди дека над сто новинари од Појасот Газа „ се убиени од страна на израелската армија“… Ова е трета тужба за смртта на новинари во Појасот Газа пред судот во Хаг, по оние на 31 октомври и 22 декември.

Во денешната тужба се спомнуваат „осум дополнителни случаи на повредени палестински новинари и еден известувач“, сите додека ги извршувале нивните должности“.

РСФ тврди дека има „разумни причини да верува дека некои од новинарите биле жртви на намерни убиства, а другите на намерни напади на израелската армија врз цивили“.

Поврзани објави
Total
0
Share