Револуција на престижното натпреварување: Трансродова личност крунисана за Мис на Холандија

За прв пат во историјата на изборот за убавина, новата мис на Холандија е трансродова жена, која ќе се бори за круната на Мис Универзум.

Манекенката Рики Валери Кол ја освои титулата на натпреварот стар 94 години, откако го импресионираше жирито со нејзината „силна приказна“ и „јасна мисија“, пишува „Скај њуз“.

22-годишната девојка од Бреда на југот на Холандија е првата трансродова победничка во 94-годишната историја на натпреварот. Таа сега ќе продолжи да се натпреварува на изборот за Мис Универзум и ќе биде втората отворено трансродова натпреварувачка, по шпанската манекенка Анџела Понсе во 2018 година.

Мис Универзум 2023 ќе се одржи во Ел Салвадор во декември, а точниот датум се уште не е потврден. За титулата „најубава“ ќе се борат натпреварувачки од 24 земји.

Трансродовите натпреварувачи можеа да се натпреваруваат за круната од 2012 година, кога манифестацјата беше во сопственост на поранешниот американски претседател Доналд Трамп . Натпреварот сега е во сопственост на тајландската бизнисменка и реалити ѕвезда Ен Јакапонг Јакрајутатип, која и самата е трансродова личност.

Таа ја купи компанијата во 2022 година и вети дека не само што ќе ја продолжи нејзината мисија за обезбедување платформа за поединци со различно потекло, култура и традиција, туку и ќе го развива брендот за следните генерации.

Поврзани објави
Total
0
Share