Реал Мадрид е кралот на ЛШ,по 15 пат е на врвот на Европа!

Реал Мадрид по 15. пат го освои трофејот во Лигата на шампионите откако во финалето на „Вембли“ ја совлада Борусија Дортмунд со 2-0. „Милионерите“ го намачија тимот на Карло Анчелоти, посебно во првото полувреме кога беа и подобар ривал, но потоа Реал уште еднаш покажа дека знае како да победи финале и дека е „кралот“ на елитното европско клупско натпреварување.

Дани Карвахал во 74.минута го отвори резултатот со удар со глава по корнерот на Тони Крос од левата страна, а Винисиус Жуниор во 83.минута постигна втор гол и го нокаутираше ривалот.

Борусија Дортмунд беше одличен тим во првиот дел, можеби и изненадувачки добро му парираше на Реал и создаде неколку стопроцентни шанси. Карем Адејеми излезе сам пред Тибо Куртоа, но белгискиот голман добро затвори и шансата пропадна. Чуварот на мрежата на Реал беше фантастичен и во продолжението од мечот, влеваше сигурност кај соиграчите во одбраната кога тие и не реагираа најдобро.Никлас Фулкруг го погоди дирекот во првото полувреме, во вториот дел постигна и гол, но не беше признат поради офсајд ситуација.Легендарниот Тони Крос ја заокружи клупската кариера со уште една круна во ЛШ, тоа е шести трофеј за Реал во последната деценија во елитното европско клупско натпреварување. Карло Анчелоти на фантастичен начин и оваа сезона го предводеше тимот до уште еден триумф во Лигата на шампионите.

Поврзани објави
Total
0
Share