Радев: За информација на Скопје- нема да ја ревидираме Преговарачката рамка

Бугарскиот претседател Румен Радов утрово реагираше на вчерашната церемонија на инагурацијата на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова кога во свечената заклетва го употреби само името „Македонија“ иако претседателот на Собранието Јован Митрески прочита  „Република Северна Македонија“.

По повод завршената изборна кампања во Република Северна Македонија и церемонијата на инаугурација на новиот претседател на државата, сакам да констатирам дека Република Бугарија не прифаќа изјави и однесување што се во спротивност и со Договорот  за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 г., како и други меѓународни договори кои РСМ ги има потпишан, соопшти Радев.

Бугарија постојано и јасно го кажа својот став дека договорите мора да се реализираат. Потсетувам и дека РСМ е земја членка на НАТО, од која произлегуваат соодветните обврски и одговорности. Убеден сум дека европската перспектива на РСМ зависи од строгата имплементација на меѓународните договори во кои е членка, како и од одобрената од Европскиот совет во јули 2022 година Преговарачка рамка, која за информација на одговорните институции во РСМ, нема да се ревидира, предупредува шефот на бугарската држава.

Поврзани објави
Total
0
Share