Путин се закани на Украина

Рускиот претседател Владимир Путин се закани на Украина, поради нападите во пограничните региони, а украинскиот претседател Володимир Зеленски се закани дека ќе има одговор за нападот во Одеса, каде денеска загинаа најмалку 20 луѓе, а има и многу повредени.

Путин изјави дека Украина се обидела да го наруши изборниот процес со гаѓање цивилни цели во Русија и со користење на вооружени групи во неуспешниот обид да ја пробие руската граница, пренесе Ројтерс.

„Ваквите злосторства нема да останат неказнети. Русите ќе одговорат на обидите за провокација со уште поголемо единство“, рече Путин на состанокот со членовите на Советот за безбедност, пренесува РИА Новости.

Додаде дека „претставниците на режимот во Киев извршиле серија саботажни и терористички напади во пограничните региони на Русија“ и дека руската воздушна одбрана уништила околу 95 отсто од непријателските ракети и гранати.

Зеленски предупреди дека Русија ќе добие „правден одговор“ од силите на Киев за двојниот напад на балистички ракети во пристанишниот град Одеса на Црното Море, во кој загинаа најмалку 20 луѓе. Кажа дека ќе им вратат на руските убијци.

Десетина Руси вандализираа гласачки кутии и избирачки места низ Русија, во знак на протест против претседателските избори.

Полицијата во Москва на 15 март, на првиот од трите дена од гласањето, приведе жена откако истурила зелена антисептичка боја позната како „зелјонка“ во гласачка кутија веднаш откако го ставила своето гласачко ливче.

Поврзани објави
Total
0
Share