Путин победи на претседателските избори во Русија

Првичните резултати од претседателските избори во Русија покажаа дека актуелниот претседател Владимир Путин освои 87,8 отсто од гласовите, што е највисок резултат досега во постсоветската историја на Русија

Рускиот претседател Владимир Путин освои рекордни 88 отсто од гласовите на претседателските избори во Русија, покажаа излезните анкети и првите официјални резултати, со што ја зацврсти својата власт, иако илјадници противници организираа симболични пладневна протести на избирачките места, објави Н1.

Првичните резултати покажуваат дека Путин, кој дојде на власт во 1999 година, лесно доби нов шестгодишен мандат што ќе му овозможи да го надмине Јосиф Сталин и да стане лидер со најдолг стаж во Русија во повеќе од 200 години.

Поточно, Путин освои 87,8 отсто од гласовите, што е највисок резултат досега во постсоветската историја на Русија, покажа излезната анкета на ФОМ. Рускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ) исто така објави дека Путин освоил над 87 отсто. Првите официјални резултати покажаа дека анкетите се точни.

Изборите се одржуваат нешто повеќе од две години откако Путин го започна најсмртоносниот конфликт во Европа од Втората светска војна со наредба за инвазија на Украина што тој го опишува како „специјална воена операција“.

Поврзани објави
Total
0
Share