Путин: Оние кои го организираа бунтот, сакаат Русија „да се дави во крв“

Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини лидерите на бунтот на Вагнер дека со обидот за државен удар минатиот викенд сакале да ја видат Русија задушена во крвави судири. Но, прстот го впери и во Западот, кој според него триел раце гледајќи како платениците на паравоената група се свртела против рускиот режим.

Во петминутното обраќање до нацијата Путин вети дека ќе ги изведе организаторите на бунтот пред лицето на правдата. За дел од војниците на Вагнеровите трупи рече дека се „патриоти“ на кои ќе им биде дозволено да се приклучат на армијата, да одат во Белорусија или да се вратат дома и ги ослободи од одговорноста. Не го спомна шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, кој пак во 11 минутна аудио снимка неколку часа претходно негираше дека се обидел да го собори режимот на Путнин, туку дека целта на бунтот на неговите војници била да се нагласи неспособноста на руското воено законодавство во војната против Украина. Сепак Путин рече дека единството во руските воени редови оневозможило да се случи крвопролевање, за кое навива Западот.

Поврзани објави
Total
0
Share