ПУКАЊЕ ВО ШКОЛО ВО ФИНСКА, 13-ГОДИШНИК РАНИ ТРИ ДЕЦА

ри деца на возраст од 13 години се ранети во пукање во училиште во финскиот град Ванта близу Хелсинки. Полицијата кажа дека реагирала на пукањето кое се случило пред девет часот по локално време, при што им порача на локалните жители да не излегуваат надвор.

Осомничениот напаѓач, кој исто така е 13-годишник, е уапсен.

Очевидците изјавија дека две амбулантни возила го напуштиле местото на инцидентот.

„Непосредната опасност помина. Жртвите се превезени во болница“, изјави портпаролот на полицијата.

Пукањето се случи откако учениците се вратија во школите по велигденските празници.

Поврзани објави
Total
0
Share