Пукање во Арачиново, има и повредени

Пукање и напад со автоматско огнено оружје денеска попладне се случило во  Арачиново, а според потврдени информации целта на нападот бил градоначалникот на оваа општина.

Повредено е најмалку едно лице кое било во придружба на градоначалникот односно било дел од обезбедувањето. Ранетиот е префрлен во Ургентниот центар.

Кон Арачиново се движат силни полициски единици за обезбедување на местото и увид, а на  местото на злосторот реагирале и екипи на Итна помош.

Поврзани објави
Total
0
Share