Протест на судската администрација пред Основен суд Тетово, бараат зголемување на платите

Вработените во судската администрација од Основен суд Тетово денеска за прв пат од 9 до 11 часот пред зградата на судот преку протест побараа зголемување на платите исто како и кај судиите. Побараа и зголемување на додатоците на плата.

„Суштината на протестот е што на судиите им се зголемени платите за 78%, а на вработени во судската администрација платата им е зголемена за 10% но поради усогласување на платите согласно Колективен договор. Има голема разлика. Иако имаат ист степен на високо образование, судиите имаат 4 пати или 400% повисока плата од стручните соработници. Таква голема разлика нема ниту во здравството помеѓу лекар специјалист и медицинска сестра, а не помеѓу вработени со ист степен на образование“, велат дел од вработените кои денеска протестираа.

По двочасовниот протест вработените од судската адмнистрација се вратија на работните места, но најавија дека вакви слични, а можеби и порадикални чекори ќе има и во иднина се додека не им се исполнат нивните барања.

Од минатата недела низ цела држава судската администрација протестира и бара зголемување на платите од 78% исто како кај судиите.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share