Протест на здравствените работници

„Целта на овој протест е да испратиме две пораки: да го искажеме нашето незадоволство за она што не се случи, а не се случи потпишување на анексот на Колективниот договор за здравствена дејност кој требаше да се применет со оваа мартовска плата. Втората, многу посилна порака е до политичките партии кои претендираат да ја освојат власта, да сфатат дека одма по формирањето на новата влада треба да се пристапи кон потпишување на овој анекс на колективниот договор“, изјави Љубиша Каранфиловски, претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита кој го организираше протестот со поддршка на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Претседателот на Синдикатот на Клинички центар Предраг Серафимовски се осврна на изработката на нов колективен договор за здравството која започна кога министер беше Беким Сали и кој како што рече, е речиси готов, усогласен со сите закони, но треба да се потпише.

На протестот беше истакнато и дека се бараат 15 отсто, на анексите што биле дадени и минале на Влада, поради покачувањето на минималната плата.

Поврзани објави
Total
0
Share