Протест на вработените во Фондот за здравство

Вработените во Фондот за здравствено осигурување денеска излегоа на предупредувачки протест. Тие бараат усогласување на нивните плати со растот на минималната плата, како и нови членови на Управниот одбор кои ќе го одобрат ова усогласување.

Од Синдикатот велат дека во петокот Управниот одбор ја одложил седницата на неопределно, за после изборите, а на која требало да се одлучи за усогласувањето на нивните плати со зголемувањето на минималецот.

„Со оглед дека самите најавиле дека до формирање на нова Влада немаат во план да донесат никаква одлука по овие прашања, останува прашањето зошто постои Управниот одбор, би било поетички да си отидат и да се изберат нов. Ако ова до 15 мај не се реши, ние ќе имаме предупредувачки протести во сите градови. Ако на 1.06 не се реши прашањето, тогаш, стапуваме во генерален штрајк“, рече Аџигогов.

Поврзани објави
Total
0
Share