Просечната нето-плата  за јануари 2024 година изнесува 39.542 денари

Просечната нето-плата  за јануари 2024 година изнесува 39.542 денари

Државниот завод за статистика соопшти дека просечната нето-плата  за јануари 2024 година изнесува 39.542 денари а просечната бруто-плата за истиот месец е 59.392 денари, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, изнесува 116.5. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27,8%), снабдување со вода; отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19,2%) и земјоделство, шумарство и рибарство (19,1%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: градежништво (10,9%), преработувачка индустрија (4,9%) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,8%).

Поврзани објави

Силјановска од Гостивар:Никогаш нема да одам на преговори, никогаш нема да разговарам за Македонија, никогаш нема да разговарам за Уставот, пред претходно да се договорам со Владата и со Собранието за тоа!

Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова на граѓаните од Гостивар им порача дека покрај консултациите со Владата, мора…
Повеќе
Total
0
Share