Пропалестинските протести ги зафатија австралиските универзитети

Пропалестинските демонстранти кренаа кампови во универзитетските кампуси низ Австралија, откако претходно се судрија со група произраелски поддржувачи.На Универзитетот во Сиднеј, голем број шатори беа поставени пред универзитетските згради, додека луѓето држеа палестински знамиња и извикуваа слогани за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас.Неколку произраелски демонстранти и еврејски студенти исто така излегоа да кажат дека се чувствуваат небезбедни во кампусот.

Во текот на вчерашниот ден пак беше отстранет пропалестинскиот протестен камп на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес.Неколку часа откако полицијата ги отстрани барикадите и почна да го демонтира утврдениот логор на пропалестинските демонстранти.Стотици демонстранти ги отфрлија наредбите да си заминат, а некои од нив формираа човечки синџири додека полицијата пукаше со шок бомби за да ја разбие толпата.Во вчерашната акција на полицијата уапсени се најмалку 132 лица.

Поврзани објави
Total
0
Share