Пронајдена e исчезнатата дваесетгодишна студентка од Албанија

По денешното исчезнување на лицето Е.Ч. (20) од Република Албанија ја информирам јавноста дека од страна на СВР Скопје во 18:05 часот лицето е пронајдено во близина на хотел Белви во добра здравствена состојба, напиша на својот фејсбук-профил министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во тек е разговор на полициски службеници од СВР Скопје со студентката во врска со причините за исчезнувањето.Синоќа другарката на исчезнатата Енкеледа Чела (20) ја пријави за исчезната. Чела е студентката на Економскиот факултет во Скопје, државјанка на Албанија, Македонка од селото Требиште, област Голо Брдо.Девојката последен пат била забележана на бензиска пумпа во скопската населба Илинден.

Поврзани објави
Total
0
Share