Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Денеска  ќе преовладува променливо облачно време. Претежно од пладневните часови се очекуваат локални врнежи од дожд, особено во западните и крајните источни делови на земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Утринските температури се во интервалот меѓу 2 и 8, додека максималните дневни соодветно ќе се движат од 9 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови со појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 19 степени.

Поврзани објави
Total
0
Share