Продолжува штрајкот на приватните специјализанти

Продолжи штрајкот на лекари приватни специјализанти, откако Владата на вчерашната седница донесе одлука статусот на приватните специјализанти да се решава по изборите со предлог-законски решенија кои ќе ги предвидат нивните севкупни права и одговорности.

Тие на денешниот протест добија поддршка и од професорката Љубинка Дамјановска Крстиќ од Медицинскиот факултет.

Даниел Трајков, специјализант, рече дека со одлуката на Владата за одбивање на подобрување на нивниот статус, е потврден фактот дека за нив, место во ова општество нема.

Тој вели дека од Mинистерството за здраво, ДКСК, иако постојано барале, сѐ уште немале добиено одговор по кој основ подобрување на нивниот статус сега е неможен.

Трајков подвлече дека токму нивната неутралност и директното спротивставување на „понудите“ да се приклучат на некакви „табори“ за да си го заслужат работното место, бил мотивот да запишат приватна специјализација.

– Ова што сме овде денес е бегајќи од неправдите.

Но, за жал бегајќи од провинција каде владеат поединци моќници, главниот град и универзитетската клиника испаднаа многу поголема провинција во културна смисла на зборот.

Дали вам толку ви е замаглен погледот од партиските констелации во оваа држава што и малкуте граѓани – интелектуалци кои останавме, не ги гледате и не им давате до значење? Престанете да калкулирате гледајќи одозгора и сметајќи дека сите овде сме со некаква агенда, порача тој.

Поврзани објави
Total
0
Share