Продолжува процесот на судење за водачите на поранешната ОВК

Денеска во Специјализираните совети на Косово во Хаг продолжува судењето на поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Кадрије Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, јавуваат Репортери.

Адвокатот на Тачи, Грегори Кихо, вчера на почетокот на рочиштето побара од судот да покаже дека обвинението против поранешните водачи на ОВК во овој случај не е поврзано со трговија со органи.

Претседателот на Судскиот совет Чарлс Смит рече дека за ваков тип на прашања адвокатот треба да се пријави писмено за да може Советот да ги даде потребните упатства. Судот вчера како доказ го отфрли видеото за кое Обвинителството рече дека претставува церемонија на положување заклетва на ОВК.

Судењето на Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и Кадри Весели започна на 3 април со воведни изјави во кои сите тие се изјаснија дека не се виновни по обвиненијата за воени злосторства.

Тачи, Красниќи, Весели и Селими се обвинети за воени злосторства, злосторства против човештвото, убиства, прогон и тортура.

Поврзани објави
Total
0
Share