Приштина ги смирува тензиите: Повелекува дел од полицијата од општинските згради во српските општини

Владата на Косово објави дека се подготвени да придонесат за смирување на тензиите во северно Косово а првиот чекор кој ќе ге преземат во таа насока е намалување на полициксите сили во и околу општинските згради во српските општини.

  • Тоа значи дека веднаш ќе го намалиме бројот на полицајци присутни внатре во општинските згради или во нивна близина за 1/4. Значи, 25 отсто од полицајците ќе бидат преместени на други места во истите општини и ќе ги продолжат своите работни задачи онаму каде што им е повеќе потребно, бидејќи сметаме дека ситуацијата во близина на општинските згради во изминатите две недели беше многу помирна, кажа Курти.

Како дел од планот за деескалација е и Дополнително намалување на полцииските сили во општинските згради и околу нив, а по летната сеозна одржување предвремени избори во Звечан, Зубин Поток, Лепосавиќ и Северна Митровица истакна Курти. Насилството во северно Косово, каде што живеат околу 50 000 Срби и сочинуваат мнозинство, избвувна кон крајот на мај, откако албанските градоначалници ја презедоа фунцкијата по изборите бојкотирани од Србите, барајќи спроведување на договорот за поголема автономија.

Поврзани објави

Вучиќ: Ако биде изгласана резолуцијата за Сребреница, ќе бараме непостојано место во Советот за безбедност на ОН

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека доколку резолуцијата за Сребреница биде изгласана во Обединетите нации (ОН),…
Повеќе
Total
0
Share