Примопредавање на должноста во MBP

СПАСОВСКИ МУ ЈА ПРЕДАДЕ ДОЛЖНОСТА НА НОВИОТ МИНИСТЕР ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ

Досегашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, му ја предаде должноста на новиот министер назначен на оваа функција, Панче Тошковски, кој беше именуван од ВМРО-ДПМНЕ како дел од техничката влада.

Во чинот на примопредавањето, министерот Тошковски му се заблагодари на Спасовски за неговиот досегашен ангажман во ова министерство, соопшти МВР.

“Со затворањето на ова поглавје ценам дека оставам наследство што ќе послужи како цврста основа за нови успеси“ – напиша на Фејсбук, поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.“

“Мојот мандат во Министерството за внатрешни работи беше период на интензивни промени, силни реформи и неуморна посветеност на безбедноста на граѓаните. Поставивме нови стандарди и овие напори резултираа со повисок степен на безбедност и доверба кај јавноста“ – пишува Спасовски на социјалните мрежи.

Дополнителен заменик министер во МВР е Митко Бојмацалиев, досегашен шеф на Кабинетот на Спасовски, кој ги истакна напорите на тимот за заштита на личните податоци на граѓаните и  зајакнување на капацитетите на полицијата да обезбеди мирни избори.

“Со подготвеност и професионалност на вработените, наша задача е да обезбедиме транспарентен, коректен и слободен процес. Дозволете ми да бидам категоричен – очекувам вработените во МВР да работат пред се според законот. Никому ништо не должите и очекувам да не се подложувате на притисоци и уцени“, Митко Бојмацалиев.

Но, новиот технички министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, има врзани раце за самостојно да ја спроведува својата политика. Може да изврши најмногу 15  разрешувања или  прераспределби на пониски или повисоки нивоа. Доколку назначи нови раководители, тој има должност да именува нивни заменици со предлог на  дополнителниот заменик министер.

Двајцата ќе имаат поврзани потписи, односно доколку некој акт е потпишан од само еден,  истиот нема да биде валиден./KlanMacedonia

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share