Приведен дилер од Сопиште, кај него пронајдена марихуана вредна 20.000 евра

Полицијата вчера го уапси 38-годишниот Д.Ц. од село Добри дол, Сопиште откако по претходно добиени опреативни сознанија извршиле претрес во неговиот дом. При претресот пронајдени се четири кеси со околу четири килограми марихуана, во вредност од околу 20.000 евра.

Денеска (31.08.2023) полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом кај Д.Ц. (38) во с. Добри дол, општина Сопиште. При претресот пронајдени се четири кеси со околу четири килограми марихуана, вредна околу 20.000 евра – соопшти МВР.

Д.Ц. е приведен и задржан во полициска станица и против него по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share